Цементарница УСЈЕ АД се приклучи на кампањата „Ден на дрвото" – засади ја својата иднина

Заштитата на средината и нејзино подобрување е еден од приоритетите на компанијата. Освен што учествува во оваа кампања, Цементарница УСЈЕ АД поддржува и неколку други хортикултурни проекти во рамките на општината Кисела Вода.

19.11.2008 – Скопје, Менаџерскиот тим на Цементарница УСЈЕ АД, заедно со вработените, се приклучи на кампањата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”. На месноста Текишки рид, една од локациите одбрани за засадување дрвја, повеќе од 500 вработени на компанијата засадија неколку илјади садници, со што активно се вклучија во иницијативата чија крајна цел е подигнување на еколошката свест и заштита на  животната средина.

„Заштитата на средината и нејзиното подобрување се дел од приоритетите на компанијата. Преку неколку проекти Цементарница УСЈЕ АД активно придонесува за заштита на средината во рамките на општината Кисела Вода и тоа веќе неколку години. Кампањата ’Ден на дрвото – засади ја својата иднина’, преку која ќе се засадат 6 милиони садници, е еден исклучително благороден чин кој го поздравуваме и на кој со задоволство му се приклучуваме”, вели Антони Николопулос, директор на Цементарница УСЈЕ АД.

“Цементарница УСЈЕ АД учествуваше и на првата кампања „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”, која се одржа во март 2008 година кога се засадија 2 милиона дрвја.

Во соработка со локалните основни училишта и градинки во општината Кисела Вода, Цементарница УСЈЕ АД веќе неколку години е иницијатор и поддржувач на хортикултурни проекти во чии рамки влегуваат активности за одржување на постојниот хортикултурен појас и засадување нови дрвја и цвеќиња, а се организира и целосно уредување на зелениот појас во овие образовни институции.