Шест последователни месеци без повреда во Усје

Определбата за намалување на повредите при работа е постојан и заеднички напор на менџментот и вработените на Усје. Една од иницијативите на Усје за мотивирање на безбедното однесување на нејзините вработени е и воведувањето на Награда за “денови без повреда”. За остварените 6 последователни месеци без повреда, Главниот Извршен Директор на Цементарница Усје, Антониос Николопулос им упати писмо со честитки на вработените.

27.03.2009, Скопје. Со големо задоволство ја споделувам со Вас информацијата дека поминаа 6 последователни месеци без ниту една повреда на работно место во Цементарница Усје. Ова се случува за прв пат во историјата на нашата Фабрика и е навистина прв голем исчекор напред кон исполнување на нашата Визија да работиме во здрава и безбедна средина без инциденти, повреди и несреќи.

Во рамките на традицијата на Титан е да препознава и наградува вакво одлично постигнување од аспект на Безбедност и Здравје при работа, па затоа на 27-ми Март 2009-та година (петок), сите моментално вработени во Цементарница Усје ќе ја имаат можноста да добијат симболична материјална награда како потврда за ова едниствено постигнување во форма на индивидуален ваучер од Веро супермаркетите во вредност од 2,400 денари. Јас искрено верувам дека со заложба и многу работа од сите нас, како што ова одлично постигнување од аспект на Безбедност и здравје при работа ќе се повторува и подобрува во иднина, вакви награди можат да станат редовна пракса за Цементарница Усје А.Д. Скопје.

Иако со ова постигнување треба сите ние да се гордееме, не треба да заборавиме дека и најмало невнимание, и најмала избрзана реакција, и најмало непочитување на зададените правила и процедури за безбедно работење може да предизвика непожелен инцидент. Не треба да се олабавиме и да заборавиме дека пред само шест месеци имавме бројни безбедносни инциденти кои резултираа во повреда на наши колеги и вработени на подизведувачи. Треба да сфатиме дека Безбедноста мора да биде постојана грижа и одговорност на сите нас. Треба да сфатиме дека секој од нас сноси индивидуална одговорност доколку забележиме, а при тоа не интервенираме, небезбедна активност од страна на вработен на Цементарница Усје, подизведувач, посетител или клиент. 

Одговорност е на секој од нас да продолжиме со овој успешен тренд и да постигнеме цела 2009-та да биде година без ниту еден безбедносен инцидент...!