Признание на УСЈЕ од Групацијата Титан за Подобрување на Безбедноста при работа

„Признанието за Подобрување на Безбедноста при работа на Групацијата ТИТАН“ се доделува секоја година на цементарница членка на Групацијата која покажала најголемо подобрување на безбедноста врз основа на утврдени критериуми и индикатори.

Советот за безбедност и здравје при работа на Групацијата ТИТАН одлучи оваа година да го додели признанието на Цементарница УСЈЕ АД Скопје за значителното подобрување на резултатите од областа на безбедноста и здравјето при работа во 2009 година.

На Конференцијата на Титан за безбедност и здравје при работа во Југоисточна Европа и Источен Медитеран која се одржа на 25. мај 2010 година во Атина, Управителот на ТИТАН, г-дин Димитрис Папалексопулос му ја врачи наградата на Главниот извршен директор на УСЈЕ, г-дин Антониос Николопулос.

Оваа награда претставува признание за сите напори кои Цементарница УСЈЕ АД Скопје ги вложуваше во изминатите години со цел подобрување на безбедноста на работното место. Како организација кој постојано учи и за која безбедноста и здравјето претставува суштинска вредност, фокусирани сме на континуирано подобрување на безбедноста и здравјето и воспоставување најдобри практики во годините кои доаѓаат заради постигнување на нашата цел „НУЛА несреќи“. Ова признание за подобрување на безбедноста од Групацијата ТИТАН за УСЈЕ претставува дополнителна мотивација за натамошно подигнување на свеста и културата за безбедност при работа кај сите засегнати страни.