Верификација на корпоративната општествена одговорност на Цементарница Усје

17.02.2009, Скопје. На 17-ти и 18-ти февруари ТИТАН Цементарница Усје АД – Скопје беше организатор и домаќин на работилница посветена на корпоративната општествена одговорност. Предавач на работилницата беше меѓународната специјализирана ревизорска куќа „Det Norske Veritas“ (DNV) Ltd., а на неа учествуваше највисокото раководство на компаниите ТИТАН од Македонија, Србија и Бугарија, како и од централата на групацијата од Атина.

Основната цел на работилницата беше да го олесни процесот на независна проценка и верификација на општествените и еколошките политики, пракси и процедури кои ги користат фабриките ТИТАН од Југоисточна Европа во согласност со меѓународните и европските стандарди. Исто така, работилницата им овозможи на учесниците да ги продискутираат и да ги анализираат најдобрите практики и да ги препознаат приоритетите и можностите за материјални надградувања на сите нивоа.

Групацијата ТИТАН, со цел да ја демонстрира својата посветеност на корпоративната општествена одговорност (КОО), веќе две години по ред врши независна проценка и верификација на секој годишен извештај за KOO кој се изработува според принципите на Глобалниот Договор на Обединетите Нации.

По затворањето на работилницата, на 19-ти февруари „Det Norske Veritas“ изврши независна ревизија на фабриката Усје за да ги провери политиките на корпоративната општествена одговорност и резултатите од ваквите политики. Инаку, објавувањето на извештајот за корпоративна општествена одговорност, усвојувањето на валидни упатства за правење извештаи во согласност со КОО и верификацијата на извештајот за КОО беа извршени доброволно од страна на компанијата.

ТИТАН веќе го има достигнато највисокото ниво на сигурност и е оценета со 5+ во секој извештај за КОО од 2007 година. ТИТАН се смета за една од најдобрите компании, како на глобално, така и на ниво на фабрики за цемент.

ТИТАН Цементарница Усје АД – Скопје, со тоа што ја стави верификацијата на својот извештај за КОО на дневен ред, се оддели од останатите компании во регионот како единствена и стана пример за фабрика со најдобри практики меѓу индустриските лидери во светот.