УСЈЕ доделува стипендија на Петата генерација МБА студенти на Факултетот АЛБА

27.03.2009, Скопје. Цементарница Усје повторно ќе додели две стипендии за постдипломски студии во Атина на Петта генерација МБА студенти на Факултетот АЛБА .

Оваа година Усје ја прошири својата традиционална годишна програма за стипендирање на успешни дипломирани студенти и за постдипломските студии но Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2009-2010 година новодипломираните студенти од државата ќе добијат можност да ги посетуваат последипломските студии за бизнис администрација на Факултетот Алба во Атина, благодарение на стипендијата која ја доделува Усје.

На презентацијата на програмата и можностите што ги нудат Економскиот факултет во Скопје и факултетот Алба во Атина, која се одржа во амфитеатарот на Економскиот факултет, водечките луѓе на двете високообразовни установи им ги претставија на заинтересираните дипломци можностите и придобивките за стекнување на дополнителни знаења и практични вештини кои реално ги нудат овие реномирани институции.

Оваа е петта генерација постдипломци кои преку стипендиите што ги обезбедува Цементарница Усје Титан го продолжуваат своето образование на престижниот факултет Алба во Атина. Досега, десетина млади студенти ги завршија едногодишните постдипломски студии за бизнис-администрација на Алба што им овозможи да ја продолжат својата професионална кариера во некои од најреномираните македонски, но, и светски компании.

Пријавете се.