Соопштение за јавност од менаџментот на Цементарница Усје

Во изминативе денови, Цементарница Усје склучи индивидуални договори  на доброволна основа сo  87 вработени, со просечен износ од 1,2 милиони денари (20.000 евра) по вработен, на тој начин ублажувајќи ги социјалните последици за  вработените.

Менаџментот на Цементарница Усје изразува жалење што и покрај отвореноста и транспарентноста на процедурата, како и алтернативните предлози што му беа понудени на Синдикатот, Синдикатот не покажа интерес за изнаоѓање на заеднички најприфатливо решение за социјалната сигурност на сите вработени, чиишто работни места се укинуваaт поради деловни причини кои произлегуваат од глобалната економка криза.  Поради ова Менаџментот на Цементарница Усје е принуден да ги укине работните места на 52 вработени согласно условите предвидени во Законот за работни односи. 

Како резултат на ефектите од светската економска криза Цементарница Усје беше приморана да го преземе овој чекор, без одложување, за да обезбеди долгорочен опстанок на фабриката и да ги зачува поголемиот дел од  работни места.

За додатни информации Ве молиме обратете се на:
ImagePR / tel: (02) 3290 486 / e-mail:  office@imagepr.com.mk