Годишна програма за стипендии за МБА студии во странство на Цементарница УСЈЕ АД Скопје

 

Годишна програма за стипендии за МБА студии во странство на Цементарница УСЈЕ АД Скопје

 

Потребни критериуми:

1. Македонско државјанство
2. Димплома за економист, машински и електро инженер
3. Одлични академски резултати (просечна оценка над 8.00)
4. Одлично познавање на англискиот јазик (TOEFL, IELTS или Proficiency)
5. Возраст до 28 години
6. Работно искуство не е неопходно, но 2-3 години работно искуство ќе се смета за предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје комплетно ги покрива трошоците за школување и сместување во тек на времетраење на студиите.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите треба да го превземат формуларот за пријавување од https://applications.alba.edu.gr и комплетните документи за пријавување (со сите официјални пропратни документи) да ги испратат најдоцна до 24.05.2010 год. на следната адреса:

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
Служба за човечки ресурси и кадровски работи, “Борис Трајковски“ 94, 1000 Скопје

email: hr@usje.com.mk

За подетални информации, обратете се на:
г-ѓица Erato Paraschaki, АЛБА Директор за меѓународен развој, e-mail: eparasch@alba.edu.gr,
или посетете ја веб страницата: http://www.alba.edu.gr/international

Корпоративната општествена одговорност отсекогаш е во суштината на филозофијата на ТИТАН и има директно и постојано влијание врз неговото работење како деловно претпријатие, како и врз неговите работни односи и инволвираноста во опшстеството. Сега, таа стана експлицитна вредност на Групацијата ТИТАН и една од нашите водечки цели. Согласно нашиот пристап кон интегрираноста во општеството, социјалната политика на Групацијата ќе се имплементира во областите во кои Групацијата има знаење и искуство, што претставува неопходен предуслов за додадена вредност. Трите области врз кои ќе ги фокусираме нашите заложби се: а) образование, б) животна средина и в) здравје и заштита при работа. Во овој контекст, Цементарница УСЈЕ АД Скопје ја објавува шестата Годишна програма за стипендии за училишната 2010/2011 година, која ќе обезбеди стипендија за врвни дипломирани студенти од Македонија за постдипломски студии на Факултетот за постдипломски бизнис студии АЛБА во Атина, Грција.