Факти за Цементарница УСЈЕ

  • 24 часовен мониторинг – единствена компанија во државата која ги објавува мерењата на емисиите на својот сајт

  • Единствена компанија во државата која податоците од мерењата редовно им ги доставува на медиумите, на невладините организации и на граѓанските здруженија
    • Емисиите се постојано под граничните вредности, а во делови неколкукратно пониски од нив (просечно на годишно ниво емисиите на сулфурни оксиди се 15 до 39 пати пониски, а емисиите на вкупна прашина за 5 до 6,5 пати пониски од граничните)

  • Во кругот на цементарница УСЈЕ е поставена дополнителна мерна станица за амбиентален воздух на позиција определена од надлежните институции
    • Податоците од оваа мерна станица редовно покажуваат дека нема корелација помеѓу работењето на печките на УСЈЕ и квалитетот на амбиенталниот воздух на мерните станици во нашиот град – загадувањето на воздухот во градот е највисоко во зимските месеци и во периодите кога печките на УСЈЕ не работат поради годишни ремонти; обратно, тоа е најниско во летните месеци кога УСЈЕ работи со целиот свој капацитет.

  • Единствена компанија која самоиницијативно ангажира акредитирани лаборатории за повремено контролно споредбено мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во кругот на компанијата и на различни точки во нашиот град. (Последното такво испитување, направено од акредитирана лабораторија на 10.-11. јануари 2020 година, период кога не работеше ниту една печка на Цементарница УСЈЕ, покажа високи вредности на загаденост на воздухот на сите испитани точки во градот, вклучително и во кругот на УСЈЕ.)

  • Единствена компанија која инвестира во технологии кои ги намалуваат емисиите пред тоа од неа да го бара домашната легислатива (технологии за значајно намалување на емисиите на азотни оксиди и прашина, третман и прочистување на атмосферски отпадни води, ...)

  • Во Цементарница УСЈЕ производниот процес автоматски запира доколку не се вклучени филтрите

  • Единствен капацитет во државата со високоефикасен комплексен систем на вреќесто филтрирање, каде во еден филтер има по најмалку 3000 вреќи  кои ја запираат прашината и други емисии и ги враќаат во производниот процес, како составен дел од финалниот производ

  • Технолошки е невозможно печките да работат ноќе, а да се гасат дење – континуиран процес

  • Производствен процес при кој енергенсот согорува на температури над 1500 C°, а температурата на гасови е 2000 C°, на кои, според хемиска закономерност, нема опасни емисиони остатоци.

  • Засега единствена компанија која инвестирала во технологија која може како гориво безопасно да користи оризова арпа, ткаенинини и друго, кои инаку се спалуваат по полињата во државата или непрописно се депонираат

  • Единствена компанија која инвестирајќи има создадено услови и можности за идна безопасна и безостаточна употреба на домашно алтернативно гориво произведено од претходно селектирани и преработени фракции од домашен комунален отпад (RDF).

  • Чекајќи домашен RDF, компанијата користи безбедно алтернативно гориво од увоз од докажано кредибилен и сигурен производител од Италија. (Алтернативните горива во цементната индустрија во Европа се користат од 50-тите години на минатиот век, а во 2017-тата генералниот просек во земјите на ЕУ достигнал 41% замена на конвенционалните енергенси.)

***
ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ НЕ Е ПРИЧИНИТЕЛ ЗА ЗГОЛЕМЕНО АЕРО-ЗАГАДУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ


ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ КОРИСТИ БЕЗБЕДНО АЛТЕРНАТИВНО ГОРИВО КОЕ НЕ ЈА ЗАГРОЗУВА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА


ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ Е ДЕЛ ОД РЕШЕНИЕТО ЗА ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА


ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ Е ПАРТНЕР НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ВО ГРИЖАТА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА