Донација за новата Гинеколошка Клиника

Цементарница УСЈЕ АД Скопје донираше немедицинска опрема за новата Гинеколошка Клиника, дел од Универзитетските Клиники во Скопје.
Немедицинската опрема опфаќа болнички кревети, гинеколошки столици и друга опрема потребна за опремување на едно крило од Клиниката, како и столиците во главната чекалница.

Оваа донација претставува пример за доброволната обврска на УСЈЕ да ги смета здравјето и безбедноста на своите луѓе и заедницата за врвен приоритет во својата заложба за подобрување на добросостојбата и квалитетот на живот на сите граѓани преку зајакнување на капацитетите на здравствените установи и општеството како целина.