Цементарница УСЈЕ АД Скопје дел од „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“

Грижата за животната средина претставува важен приоритет на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и е интегрален дел од нашата политика за општествена одговорност. Верувајќи дека делата говорат повеќе од зборовите, на 19.11.2011 УСЈЕ по осми пат се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје донираше 200 садници со висина од 150cm – 160cm од коишто 50 јавори, 50 липи и 100 од зимзелениот вид Thuja Columnaris. Околу триесет наши вработени, заедно со менаџерскиот тим, ги засадија дрвцата на локации во Oпштина Кисела Вода и тоа во дворот на детската градинка ,,Синоличка” и во новиот парк во близина на општината.
 

Направивме внимателен избор на садници што со годините ќе израснат во дрвја што ќе ја облагородат заедницата во која делуваме. Нашата поддршка на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ е дел од нашите стратешки иницијативи за заштита на животната средина и хортикултурно уредување на образовните институции и јавните простори во Општина Кисела Вода. Со тоа придонесуваме кон подобрување на здравјето на граѓаните од нашето соседство и го поттикнуваме одржливиот развој на општината.