Професионална ориентација за учениците од ОУ Кузман Јосифовски Питу, општина Кисела Вода

Образованието е движечка сила во општеството која создава промени, овозможува усовршување и напредок. Затоа, во рамки на проектот „Партнери на училиштата“, Цементарница УСЈЕ за учениците од завршните години во основните училишта во општина Кисела Вода организира посети и обиколка на компанијата, како и директно запознавање со вработените и менаџментот. Учениците од блиску се запознаваат со работните места, работната средина, однесување, обврски и секојдневни задачи. 
Ние во Цементарница УСЈЕ АД сакаме да им помогнеме на младите луѓе во пронаоѓање на своите интереси, таленти и афинитети преку директно презентирање на професиите, занимањата, работните места, функциите и одговорностите во нашата компанија.
На почетокот на декември, 30 ученици од осмо одделение од ОУ Кузман Јосифовски Питу од Кисела Вода имаа можност да го посетат Секторот за финансии и Секторот за квалитет (лабораторија) и да се запознаат директно со вработените, менаџерите, активностите и задачите во овие сектори. Ученициите поставуваа најразлични прашања: Што треба да учам за да работам во лабараторија? Дали е потребен факултет или може со средно училиште да се работи тука? Јас сакам да бидам маркетинг менаџер, дали во вашата компанија има потреба за маркетинг менаџери? Детелните одговори од страна на раководителите и вработените во Цементарница УСЈЕ придонесуваат во носењето на одлуката на младите ученици за нивна професионална ориентација.