Конкурс за доделување стипендии за МБА програма

Врз основа на договорот за соработка и стипендирање на постдипломски студии склучен помеѓу Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитет Американ Колеџ Скопје, се распишува:

КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА МБА ПРОГРАМА
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДЕЛОВНА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИСКИ НАУКИ, УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ


1. ОПШИ ИНФОРМАЦИИ
Цементарница УСЈЕ АД Скопје e oпштествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2014/2015 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на МБА (Master in Busines Administration) програма на Факултетот за деловна економија и организациони науки.

Со оваа програма ќе бидат опфатени професионалци од деловна заедница во Република Македонија. Програмата за која се доделуваат стипендии е Магистер за бизнис администрација (МБА) – општа програма.

2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат сите професионалци од бизнис секторот кои имаат завршено додипломски студии во Македонија или странство и имаат минимум 2 години работно искуство во Македонија и/или странство, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се државјани на Република Македонија или странски државјани со регулиран престој во Македонија;
2. Да имаат завршено додипломски студии;
3. Одлично познавање англиски јазик.

3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната на Цементарница УСЈЕ и УАКС почнувајќи од 22.09.2014 година до 15.10.2014 година и да ја достават електронски на една од следните е-маил адреси: graduate@uacs.edu.mk или hr@usje.com.mk (телефон за контакт: 2 463 156 / локал 129).

Потребни документи за конкурсот да се пратат по пошта:

1. Две препораки,
2. Мотивационо писмо,
3. Потврда за одлично познавање на англиски јазик,
4. Копија од уверение за завршен прв циклус студии,
5. Биографија

Комплетната документација да се испрати по пошта најдоцна до 14.10.2014 на адреса:

Универзитет Американ Колеџ Скопје
(Комисија за избор на МБА стипендисти)
Трета Македонска Бригада Бр.60
1000, Скопје


4. Селекција
Кандидатите ќе поминат двоен процес на селекција. Првата селекција и рангирање ќе биде направена од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Потоа ќе се спроведат интервјуа со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови.

Превземи документ за пријава тука.