Посета на Советници од Општина Аеродром во Цементарница УСЈЕ

06.11.2020

Согласно своите заложби за соработка со засегнатите страни, на 06 ноември 2020 Цементарница УСЈЕ ги отвори своите врати за организирана посета на компанијата од страна на Претседателот на Советот на Општина Аеродром и двајца членови на Советот. За време на посетата, советниците преку кратки презентации имаа можност да се запознаат со основните податоци за работењето на компанијата од нејзиното основање па се до денес, како и нашите заложби за заштита на животната средина. После презентациите беше органзиирана обикола низ фабриката за одблиску да се запознаат со работниот процес.