АНТЕА Цемент, една од најголемите индустриски инвестиции во Албанија

16.9.2010

АНТЕА ЦЕМЕНТ, ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИНДУСТРИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО АЛБАНИЈА

Премиерот на Албанија свечено ја пушти во употреба цементарницата

На 13.09.2010 година (понеделник), Цементарницата Антеа лоцирана во областа Бока е Куќе беше официјално пуштена во употреба. АНТЕА Цемент е дел од Групацијата ТИТАН Цемент, мултирегионален производител на цемент. Европската Банка за Реконструкција и Развој (EBRD) и Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC) исто така се акционери во Антеа Цемент.
Премиерот на Албанија, г-дин Сали Бериша беше почесен гостин и го изврши свеченото отворање во друштво на високи владини претставници, локалните власти, деловните партнери на АНТЕА, EBRD, IFC и претставници на АНТЕА и ТИТАН.

Г-дин Ангелос Калогеракос, Генерален директор на АНТЕА, на церемонијата на отворањето им рече на присутните дека “Досега сме покажале дека нашите постапки одговараат на нашите ветувања. Се обврзавме да бидеме парадигма на најдобри практики во земјата и тоа и ќе го сториме.”

“Ова е навистина многу посебен ден. – рече Регионалниот директор на Групацијата ТИТАН Цемент за ЈИЕ и Среден Исток, г-дин Мајкл Сигалас. Тука сме за официјално да ја одбележиме материјализацијата на сонот кој започна во 2005 година и кој еволуираше во една од технолошки најнапредните цементарници во светот.”

Управителот на Групацијата ТИТАН Цемент, г-дин Димитри Папалексопулос, во своето обраќање за време на свеченото отварање изјави: “Создадовме значајна долгорочна обврска во Албанија бидејќи веруваме во иднината на земјата. Како сериозен индустриски инвеститор, сакаме да создадеме профит за нашите aкционери, но сакаме тоа да го сториме на начин кој ќе биде од корист за сите засегнати страни и заедницата како целина.”

Г-дин Сали Бериша, за време на церемонијата изјави дека му е задоволство што е дел од индустрискиот развој на Албанија. “Свеченото отварање на оваа цементарница е значаен настан за Албанија, многу важен за развојот на земјата, применета е врвна технологија и предвидени се извозни процедури. Не може да се порекне фактот дека постојат потешкотии заради светската финансиска криза, но исто така реалност е и фактот дека албанската економија е динамична, со восхитувачка стапка на раст. Сигурен сум дека Групацијата ТИТАН набрзо ќе произведува со својот максимален капацитет. Можам да гарантирам дека ќе сторам сé што е неопходно за целокупните количини цемент произведени во фабриката да бидат локално искористени за да се забрза изградбата и развојот на земјата. Ќe ги вложиме и сите напори за извоз на овој производ.”

Групацијата ТИТАН Цемент за кус период ја заврши изградбата на еден од најголемите индустриски комплекси во Албанија, Цементарницата Антеа. Оваа значајна инвестиција вредна 200 милиони евра е една од најважните во земјата. Вкупниот капацитет на фабриката изнесува 1,5 милиони тони годишно со што може целосно да ги задоволи потребите на албанскиот пазар како и извозот.

Фабриката е изградена близу областа Бока е Куќе во Круја и е една од најголемите и најмодерните цементарници во регионот на Југоисточна Европа. Технологијата која е применета во производството на цемент е една од најсовремените и одржливо најсензитивна. Освен производство на висококвалитетен цемент кој одговара на меѓународните стандарди,  ТИТАН спроведува и еколошка политика за зачувување и подобрување на зелените површини.

ТИТАН е независен производител на цемент и други градежни материјали со повеќе од 100-годишно искуство во индустријата. Со главно седиште во Грција, Групацијата е присутна во 12 земји и поседува 13 цементарници ширум светот. Во својата историја, Титан тежнее да ги комбинира одличноста во работењето со почитта кон луѓето, општеството и животната средина.

Во 2009 година, Групацијата продаде на меѓународен пазар 16 милиони цемент и градежни материјали, 4 милиони m3 готов бетон, преку 15 милиони тони агрегати и различни градежни материјали, како бетонски блокови, суви малтери итн.

АНТЕА претставува модел за развој на гринфилд проекти и всушност стана репер за слични проекти. Причината лежи во структурата на нејзините акционери. IFC и EBRD ставаат значаен акцент на Корпоративната општествена одговорност и таа е длабоко вкоренета во нивната стратегија и процеси, и секако во сите нивни договорни обврски.

ТИТАН исто така отсекогаш била компанија која практикува КОО и како основачка членка на Советот за одржлив развој на ОН, таа е длабоко посветена и има импресивен историјат.
Како резултат на тоа е дизајнирана, изградена и управувана АНТЕА со КОО како една од клучните вредности кои ја движат компанијата.
 
Тоа доведе до сеопфатни бизнис план во сите области на:
•  Заштита на животната средина
•  Безбедност при работа
•  Развој на луѓето

Од лево кон десно: Димитри Папалексопулос,
Управител на Групацијата ТИТАН Цемент,
Мајкл Сигалас, Регионален директор на 
Групацијата ТИТАН Цемент за ЈИЕ и Среден Исток,
Сали Бериша, Премиер на Албанија,
Ангелос Калогеракос, Генерален директор
на АНТЕА Цемент