На 06 март вработените на Цементарница УСЈЕ заедно со менаџерскиот тим
На 06 март вработените на Цементарница УСЈЕ заедно со менаџерскиот тим, уште една година по ред организираа самоиницијативна и доброволна акција за садење дрвца. Во близина на рудникот за варовник, во кругот на фабриката, околу 50 вработени придружени од менаџерскиот тим засадија 1000 багремови дрвца. Компанијата продолжува со вршење активности во склоп на своите стратегии, политики и цели, со цел поквалитетна животна средина и високо ниво на корпоративна општествена одговорност.