Вработените во Цементарница Усје учествуваа во тим билдинг трката на 5 километри и на полумаратонот од 21 километар кој се оддржа во рамките на Скопскиот маратон на 04 мај 2019 година.
Повеќе од 20 вработени во Цементарница Усје успешно го завршија маратонот и стигнаа до целта, остварувајќи солидни резултати. Целата оваа манифестација на која учествуваа преку 12000 натпреварувачи беше одлична за подобрување на тимскиот дух и едно прекрасно искуство за членовите на нашиот тим.
Како дел од својата посветеност кон вработените, Цементарница УСЈЕ секогаш се вклучува во голем број на активности кои поттикнуваат здрави спортски активности и го јакнат тимскиот дух на вработените.

