Цементарница УСЈЕ АД Скопје продолжува со донирање и засадување дрвца во основните училишта и градинките во Општината Кисела Вода со цел подобрување на животната средина на децата.
Компанијата секоја пролет и есен организира акции за засадување дрвца во училишните дворови на основните училишта и градинките. Целта на овој проект е развивање на свеста на учениците за значењето и заштитата на животната средина.
На 13.11.2012 година, вработените на УСЈЕ заедно со директорот и учениците во училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ засадија 30 дрвца од типот Thuja Columnaris во училишниот двор.


На 15.ноември 2012 г., на денот на 33 годишнината од отворањето на детската градинка „8-ми Март“, наши вработени заедно со Градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-дин Марјан Ѓорчев и секако децата од градинката поминаа заедничко време засадувајќи дрвца во дворот градинката. Децата нé наградија и со детска приредба во која сите уживаа.


На „Денот на дрвото“, 21. Ноември 2012 г., наши вработени донираа и засадија дрвца во основните учуилишта „Невена Георгиева – Дуња“, „Кузман Шапкарев“ и „Златан Сремец“.