Титан Усје учествуваше на KMI Talks, настан организиран од Клубот на млади инженери, каде што споделивме искуства со студентите од техничките факултети и млади инженери – идните лидери во индустријата.
Темата „Како дигитализацијата ги преобликува индустриските процеси?“ отвори можност нашите претставници да ги претстават искуствата на Титан Усје во областа на дигиталната трансформација и иновативните технологии кои го менуваат пристапот кон работењето во цементната индустрија.
Во рамки на дискусијата беа опфатени повеќе клучни теми, вклучувајќи:
📌 Дигиталната еволуција на Титан Усје – од традиционален производител на цемент до лидер во дигиталната трансформација
📌 Улогата на дигитализацијата и VR технологиите во привлекување и развој на нови таленти
📌 Virtual Reality Navigator – иновативна апликација која го унапредува процесот на обука и оперативната ефикасност
📌 Дигиталните процеси во производството на цемент – инвестиции во напредни технологии за оптимизација на работните процеси
📌 Електронскиот систем за мониторинг и контролна соба – подобрување на надзорот во реално време, намалување на времето за интервенција и зголемување на производствените капацитети
Со постојан фокус на иновации и одржлив развој, Титан Усје останува посветен на модернизацијата на индустријата и поддршката на идните генерации инженери.




