Цементарница УСЈЕ организираше низа активности за одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април.
Повеќе од 30 деца на наши вработени беа поканети во нашите простории за ликовни активности на тема здравје и безбедност при работа. На главниот настан кој се одржа во дворот на фабриката беа поканети сите вработени и повеќе од 100 изведувачи. Главниот извршен директор го отвори настанот презентирајќи општи информации за УСЈЕ и нашите напори кон остварување на 3Д целите, нашите вработени и амбициите за одржливост.
Менаџерот за безбедност и здравје при работа ги презентираше нашите перформанси на полето на безбедност и здравје при работа. За време на настанот неколку наши вработени низ примери и играње улоги вежби демонстрираа кои се чекорите при следење на процедурите за безбедност и здравје при работа.
На крај на настанот беа презентирани и наградите за најдобри практики на вработени или сектори на полето на безбедност и здравје при работа и тоа: Раководителот за оптимизација на процес на производство, Александар Величковиќ и Раководителот на одделение за мелнници за цемент и пакување, Александра Момиров беа наградени за најголем број остварени безбедносни прошетки; Помлад оператор на кранови, Николче Младеновски беше награден за најголем број пријавени инциденти; тимот за ротирни печки доби награда за пријавени најголем број блиски промашувања; Помлад оператор на процес на производство, Драган Ристов и Раководителот на процесна контрола, Филип Спасовски беа наградени за значаен придонес наполето на безбедност и здравје при работа додека тимот на подготовка на суровинско брашно, електро инженерот Стефан Ѓоргиев и операторот за контрола на квалитет Дејан Салтировски беа наградени за најдобар безбедносен предлог.
На крај на настанот сите има можност за неформално дружење како и споделување на свои искуства.