Водени од нашата посветеност да ја препознаеме важноста за поддршка на здравствените институции и да го подобриме јавното здравје и добросостојба, УСЈЕ уште еднаш напиша успешна приказна за меѓусебна соработка со Универзитетската клиника за дерматологија. Во рамките на оваа иницијатива клиниката доби медицинска опрема и други медицински материјали потребни на болницата со што ќе се подобри третманот на пациентите. Со вклучување во вакви акции, ние не само што ги исполнуваме нашите обврски како општествено одговорна компанија, туку придонесуваме и за целосно подобрување на здравствените услуги во заедниците каде што дејствуваме.