На почетокот на мецес декември две групи над 100 студенти на Технолошкиот факултет имаа можност да ја посетат нашата фабрика и подетално да се запознаат со нејзиниот производствен процес и начинот на функционирање.
Во текот на својата посета на студентите им беа презентирани најважните аспекти на полето на безбедноста и здравје при работа. Подоцна во текот на прошетката низ фабрката студентите имаа можност да продискутираат со наши вработени за прашања поврзани со начинот на производство, кои суровини ни се потребни и како со нивна обработка доаѓаме до финалниот производ и кои се аспектите од областа на животната средина на кои им се посветува посебно внимание.
Оваа посета на студентите е во склоп на нашата стратегија за развиени општествено одговорни практики и поддршка на заедницата, како и соработка со универзитетите.

