Нашите колеги учествуваа на Виз Ер Скопски Маратон 2025, полни со енергијата, а тимскиот дух и спортскиот ентузијазам беа во полн замав.
Ова не беше само трка — беше инспиративен настан што поттикна енергија, мотивација и стремеж кон нови успеси.
Честитки до сите учесници за нивната посветеност, истрајност и позитивна енергија на трката!
За нас, овој маратон е потсетник дека со посветеност, упорност и тимска работа, секоја цел може да се достигне– и во спортот и во професионалниот живот.

