Титан Усје дел од 7. Интернационален First LEGO League Challenge поддржувајќи млади иноватори

07.3.2025

Како компанија посветена на поддршка на младите таленти и промоција на иновациите, Титан Усје со гордост беше дел од 7. Интернационален First LEGO League Challenge, натпревар кој инспирира идните генерации преку СТЕМ едукација, роботика и креативно решавање на проблеми. Ова значајно натпреварување ги охрабрува младите умови да размислуваат критички и да создаваат решенија за реални предизвици.

На натпреварот, Титан Усје го поддржа тимот Lego Legends од ООУ Кирил Пејчиновиќ, од општина Кисела Вода, кој со својата креативност и тимска работа остави силен впечаток и инспирираше многумина.

На 1 март 2025 година, во рамките на натпреварот се натпреваруваа 23 тима, од кои 16 од државни основни училишта низ земјата. Оваа година, тимовите работеа на предизвикот SUBMERGED, насочен кон зачувување на океаните, креирајќи иновативни решенија за актуелни еколошки проблеми.

Како компанија која верува во развојот на младите и локалните заедници, Титан Усје ќе продолжи да инвестира во проекти кои поттикнуваат знаење, иновации и напредок.

Честитки до сите учесници кои покаа неверојатна посветеност, креативност и технички вештини. Со нетрпение го очекуваме нивниот следен успех.