Претставници на Цементарница УСЈЕ беа дел од тематска работилница со невладини организации кои работат на полето енергија, енергетска ефикасност и заштита на животната средина во рамки на регионалниот проект „Енергија од отпад за цементната индустрија од Западен Балкан“.
На работилницата присуствуваа и претставници од останатите партнери во проектот: Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), Центар за ресурси во животната средина (REC); како и претставници од 14 невладини организации. Во текот на работилницата беа претставени целите, активностите и досегашните постигнати резултати во рамките на проектот. Невладините организации имаа можност да се запознаат со принципот „Од отпад до енергија“ и неговата досегашна имплементација во индустријата за производство на цемент во европски и светски рамки. Од страна на економскиот експерт Николаос Куфакис (TYXN) беше презентирана и нацрт физибилити студијата изработена во рамките на проектот.
Во рамките на работилницата свои презентации имаа и: м-р. Ана Мазнева Каранфиловска (МЖСПП), Анастас Маженковски (Царинска Управа на РСМ), проф. д-р Даме Димитровски (УКИМ) и Наташа Бакреска (ТИТАН Цементарница – Усје).
Присутните невладини организации имаа можност да поставуваат прашања за проектот и да дадат свое мислење. Како резултат на ова се разви плодна и конструктивна дискусија на темата.