УСЈЕ доби сертификација за OHSAS 18001:2007

08.3.2011

Во јануари 2011, Цементарница УСЈЕ АД Скопје доби сертификација на Системот за управување со безбедност и здравје при работа OHSAS 18001:2007 од страна на независното сертификационо тело ELOT. По извршениот аудит од страна на ELOT беше констатирано дека Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа во УСЈЕ во целост е усогласен со стандардот OHSAS 18001:2007.

Системот на управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001:2007 во иднина ќе го насочува нашиот пристап кон остварување на нашиот најголем приоритет „нула несреќи“. Јасната организациска одговорност ќе биде поддржана со обемна тренинг програма, комуникација, строга процедурална дисциплина, како и локални развојни политики и акциони планови. Се бара максимална заложба и посветеност од страна на сите вработени со цел да се следат новите трендови во областа на безбедност и здравје при работа заради континуирано подобрување на Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа (OHSAS 18001:2007).

Цементарница УСЈЕ АД Скопје беше сертифицирана со Системот за квалитет ISO 9001:2000 во 2004 година, додека во 2006 се здобивме со сертификација на Системот за управување со животната средина ISO 14001:2004, со што ја проширивме нашата континуирана заложба за намалување на влијанието на нашите активности врз животната средина.
OHSAS 18001:2007 е третиот Систем кој е имплементиран во УСЈЕ, а наш следен чекор ќе биде обединување на трите системи во еден интегриран Систем.