УСЈЕ ги прими студентите од ESTIEM од цела Европа да им ги претстави своите најдобри практики во односите со купувачите
Vision е проект на ESTIEM (European Students of Industrial Engineering and Management) кој ги комбинира познавањето на инженерството и технологијата со менаџерските вештини. Тој претставува серија од семинари кои се одржуваат низ Европа и содржи предавања на академско ниво, обуки и посети на компании, работилници, како и активности за запознавање со локалната култура.
Оваа година, завршната конференција од серијата семинари на тема Односи со купувачите се одржа во Скопје во периодот од 20-25 мај 2014 година и беше организирана од ESTIEM локалната група Скопје.
УСЈЕ прими околу 20 студенти од ESTIEM за да ги сподели своите најдобри практики од областа на Односи со купувачите како и за да им овозможи увид и сознанија за работата и производствените процеси на нашата Компанија