Со посветена тимска работа, УСЈЕ произведе и продаде 1 милион тони цемент во 2021 година. Овој рекорд е исклучително важен за компанијата и вработените, дотолку повеќе што ваков рекорд последен пат бил постигнат пред 44 години во далечната 1977. Враобтените се најзаслужни за овој голем успех, бидејќи со посветеност и тимска работа овозможија УСЈЕ успешно да одговори на зголемената побарувачка на пазарот, што се должи на зголемените градежни активности.
“За сите нас ова е голем успех бидеќки докажавме дека спојот од добар план и посветени луѓе е проверена формула за успех. И покрај неизвесноста и предизвиците, што на пазарите ги донесе здравствената криза, УСЈЕ докажа дека е можно да се постигнат целите, но и да се постават нови повисоки критериуми за успех”, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на УСЈЕ.