УСЈЕ повторно се приклучи кон акцијата Час на планетата Земја

03.4.2020

Ставајќи највисок приоритет на нашето здравје и заштитата на животната средина

Ставајќи највисок приоритет на нашето здравје и заштитата на животната средина, УСЈЕ повторно се приклучи на акцијата „Час на планетата Земја“. На 28 март 2020 година, со исклучување на мелниците за цемент од напојување со електрична енергија во период од еден час придонесовме кон заштеда на 10 MWh електрична енергија.

Вработените на Цементарница УСЈЕ ги исклучија апаратите за домаќинство од електрично напојување со што сите заедно придонесуваме кон подигање на свеста за заштита на животната средина и зголемување на енергетската ефикасност.

Темата за Часот на Земјата во 2020 година се фокусира на Климатското дејствување и одржливиот развој. Тоа е голем предизвик за светот воопшто, но исто така и одлична можност да се минимизира емисијата на јаглероден диоксид.

Со приклучување кон акцијата повторно сме дел од големото семејство кое се грижи за зачувување на природните ресурси и животната средина.