На 05. октомври 2013 г., во речиси сите општини низ државата беше реализирана втората национална кампања „Македонија без отпад 2013“. Целта на кампањата е да поттикне граѓански активизам и волонтаризам, како и да ја развие свеста и навиките кај сите граѓани за правилното управување со отпадот. Главниот акцент е ставен на собирање и правилно одложување на отпадот на одредени локации. Акцијата е дел од националната кампања која се состои од активности за чистење на отпадот, едукација и промоција. Со оваа акција граѓаните на Република Македонија се вклучуваат во глобалната акција „Lets'do it! World 2013“, која е и официјално поддржана од Европскиот Парламент, а оваа година ќе се одвива во 107 земји.
УСЈЕ ја поддржа оваа акција преку пружање активна помош на организаторите на акцијата, невладината организација „Ајде Македонија“ како и Општината Кисела Вода, преку обезбедување на механизација потребна за собирање, утовар и одложување на отпадот, информативни постери за акцијата, сендвичи и вода за 220 учесници, превоз и други услуги.