УСЈЕ се приклучи кон националната акција “Let’s do it”- Акција за чистење

15.9.2018

На 15 септември 2018 г., во речиси повеќе од 20 општини беше реализирана национална кампања “Let’s do it”. Акцијата е дел од националната кампања која се состои од активности за чистење на отпадот и создавање на почиста и поздрава животна средина во светот.

Промовирајќи го концептот на корпоративно волонтирање и водејќи се од својата посветеност на грижата за животната средина, Цементарница Усје со своите вработени со задоволство пристапи на оваа иницијатива. Одвоивме дел од викендот, ги засукавме ракавите и се фативме за работа. Повеќе од 30 вработени на УСЈЕ, вклучувајќи дел од менаџментот, волонтираа на територијата на општината.

Целта на кампањата е да поттикне граѓански активизам и волонтаризам, како и да ја развие свеста и навиките кај сите граѓани за правилното управување со отпадот и развивање на механизам за подршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.

Поддршка на акцијата „Let’s do it!“ соодветствува на нашите стратешки иницијативи за заштита на животната средина во рамки на општествената одговорност на компанијата. Дополнително со ваквите акции, Цементарница Усје, со доброволно учество на своите вработени, придонесесува за подобрување на здравјето на граѓаните од соседството.