УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2024“

24.3.2024

Со исклучување на мелниците за цемент, Цементарница УСЈЕ и годинава се приклучи кон глобалната инцијатива „Часот на планетата Земја“. Мелниците за цемент беа исклучени во периодот од 20:30 часот до 21:30 часот на 23 март 2024 година, а покрај тоа од електричното напојување беа исклучени и другите постројки кои не се од витално значење.

Со приклучувањето кон глобалната акција „Часот на планетата земја“ УСЈЕ заштеди околу 7 MWh електрична енергија, што е приближно на количеството енергија неопходна за напојување на околу 2300 домови и околу 40.000 светилки.

Со остварената заштеда на електрична енергија Цементраница УСЈЕ придонесува во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени. Покрај тоа, УСЈЕ секоја година ги охрабрува и своите вработени и изведувачи повикувајќи ги активно да се вклучат во акцијата „Часот на планетата Земја“, со тоа што ќе ја намалат потрошувачката на електрична енергија во своите домови.