Иницијативата за засадување рози оваа година е проширена на територија на целата држава под мотото „Македонија – земја на розите“. Оваа иницијатива беше започната како резултат на научната студија која покажува дека розата е еден од најдобрите пречистувачи на амбиенталниот воздух.

Оваа година, Цементарница УСЈЕ АД Скопје се приклучи кон акцијата со донирање на 3.000 рози кои менаџментот на компанијата и околу 30 вработени ги засадија на локација во Општина Аеродром заедно со Градоначалникот на Скопје, г-дин Коце Трајановски, Градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Ивица Коневски и Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Соња Лепиткова.


„Цементарница УСЈЕ по втор се приклучи кон акцијата на засадување рози во земјата. Нашата компанија повеќе години донира лично засадува дрвца и цвеќиња во училиштата, градинките и другите јавни површини во Општина Кисела Вода“, изјави Гоце Цветкоски, Т ехнички директор на Цементарница УСЈЕ.
Придонесот кон заштитата на животната средина, како и подигањето на свеста за значењето на заштитата на животната средина претставуваат едни од основните вредности на нашата Компанија и суштински дел од нашата корпоративна општествена одговорност.
