УСЈЕ со национално КОО признание за заштита на животната средина

18.9.2014

УСЈЕ се здоби со национално КОО признание за проектот „Намалување на влијанието бучавата во околината на денешното свечено доделување на националните награди за најдобри општествено одговорни практики за 2013 година, кои ги доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија. Овојпат националната награда е помогната од проектот „Општествена одговорност за сите (CSR for All) и Европската Унија.

Оваа година на конкурсот за национална награда учествуваа 38 претпријатија со 56 проекти.

Овие награди претставуваат признание на нашите заложби за заштита на животната средина што е еден од врвните приоритети на нашата Компанија и нашата политика за општествена одговорност.

Овие признанија се потврда на заложбите на УСЈЕ да биде одговорен корпоративен граѓанин и да придонесува за растот и добросостојбата на сите засегнати страни, вклучувајќи ги и нашите купувачи, добавувачи, животната средина и општеството како целина.