Интернационалниот настан “NASA Space Apps Challenge” е дводневен хакатон за време на кој тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.
Настанот опфаќа колаборативно решавање на проблеми со главна цел, да произведе релевантни “open-source” решенија кои што ќе ги подобрат истражувачките вселенски мисии и ќе го подобрат животот на земјата.
Оваа година меѓународниот хакатон се одржа во периодот од 11-13 април во 95 градови од 46 земји во светот и траеше 72 часа.
На најмасовниот глобален хакатон одржан до сега учествуваа над 8.000 лица активно вклучени работејќи на предизвиците зададени од НАСА на 5 теми: Earth Watch, Technology in Space, Human Spaceflight, Robotics and Asteroids и креираа повеќе од 600 проекти.
Цементарница УСЈЕ пружи поддршка на овој проект преку доделување награди за најуспешните. Оваа година, Македонија со вкупно 150 учесници и 30 креирани проекти е убедливо лидер како по бројот на учесници, така и по бројот на проекти во цела Европа.