На 13 и 14 октомври 2016 година, во Скопје се одржа 8. интернационална конференција и HR Expo во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Тема на овогодинешната конференција беше “Aнгажираност на вработените и идни компетенции за економска добрoсостојба”.
Со оглед на промените што се случуваат околу нас, мали организации прераснуваат во големи корпорации, се создаваат пронајдоци и иновации, се изнаоѓаат нови методи и начини на ефикасно работење потребни се луѓе кои веруваат, се посветуваат и се страсни за својата работа. Токму ова беше и целта на настанот, да се одговорат и да се разгледаат овие и многу други прашања на овие тематски содржини, од страна на истакнати директори за ЧР, бизнисмени и претставници на академската заедница, како гости говорници на настанот, кои споделија реални, практични искуства од компании во различни индустрии, во регионот и пошироко, а доаѓаат од Словенија, Австрија, Англија, Косово, Хрватска, Грција, Холандија итн. Гостин и презентер на овој настан беше и Ана Мамалаки, Сениор Менаџер за ангажираност на вработените на Групацијата Титан, која одржа презентација за ангажираноста на вработените во Титан Групацијата.
На настанот беа присутни Менаџерот за човечки ресурси во Цементарница УСЈЕ, референтот за човечки ресурси и општествена одговорност, како и референтот за општествена одговорност во Цементарница УСЈЕ.