Цементаријадата 2012 организирана од Цементарница УСЈЕ АД Скопје

04.6.2012

Оваа година, традиционално, веќе по 23. пат, се одржаа спортските игри на цементарниците - Цементаријадата 2012. Цементарница УСЈЕ АД Скопје беше организатор и домаќин на Цементаријадата 2012, која се одржа од 31. мај до 3. јуни 2012 во Дојран.

На спортските терени во Дојран се натпреваруваа 280 вработени од цементарниците: ТИТАН Цементарница Косјериќ (Србија), Лафарж Беочин (Србија), Цементарница Лукавац (Босна и Херцеговина), Холцим Поповац (Србија) и Цементарница УСЈЕ (Македонија). Натпреварите беа организирани во 9 спортови: мал фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, стрелаштво, пикадо, влечење јаже, риболов и шах.

Тимот на УСЈЕ освои пехари за:

  • Трето место во риболов (мажи, екипно);
  • Второ место во стрелаштво (жени, екипно);
  • Второ место во шах (мажи, екипно).

Дополнително, Цементарница УСЈЕ АД Скопје се закити со трофејот за фер плеј.

Цементаријадата во Дојран беше уште една можност колегите од петте цементарници да се дружат како и да ги разменат своите професионални искуства.

Цементарница УСЈЕ е посветена на поттикнување спортски активности кои го јакнат тимскиот дух на вработените.