ТИТАН УСЈЕ секогаш е посветена на поттикнување спортски активности кои го јакнат тимскиот дух и придонесуваат за подобрување на животниот стил на вработените. Повеќе од 50 вработени беа дел од Цементаријада, спортските игри кои оваа година се одржуваа во Брзече, Копаоник од 6 до 9 јуни во организација на Лафарж Беочин, Србија. На овие игри кои традиционално се орджуваат секоја година учествуваа и гости од ТИТАН Косјерич, Лафарж Беочин и Моравацем Поповац.
Тимот на УСЈЕ ги освои следниве награди:
- 1во место во пикадо (жени, екипно)
- 1во место во шах, екипно
- 2ро место во одбојка (мажи)
- 3то место во пинг-понг (мажи, екипно)
- 3то место во мал фудбал (мажи, екипно)
Во 2025 година домаќин на Цементаријада ќе биде ТИТАН УСЈЕ.