Во периодот од 18-20 јуни, техничките факултети, прославија 60 години јубилеј од своето постоење. Во име на долгогодишната соработка на Цементарница УСЈЕ и овие факултети, претставници од компанијата беа поканети и присуствуваа на свечените седници на наставно-научните совети, како и на централната прослава организирана по повод јубилејот на факултетите. Развојот на нашата компанија се потпира на знаењето на инженерите кои го завршиле своето образование на овие факултети. Цементарница УСЈЕ е компанија која го поддржува развојот на високото образование и преку низа проекти и активности учествува во развојот на студентите, додека нашите вработени се секогаш подготвени да ја споделат својата експертиза со студентите и практикантите. Во знак на признание, а по повод 60 годишниот јубилеј, Цементарница УСЈЕ беше една од добитиниците на две плакети, една од Технолошко-металуршкиот факултет и една од Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Вести
