Како дел од нашата стратегија за придонес кон развојот на млади инжењери преку унапредување на нивните знаења и вештини, овозможување на пракса и креирање на посакувани работни места, УСЈЕ беше дел од 14тиот Саем за вработување и кариера.
Саемот се одржа од 12ти до 16ти март во просториите на Машински факултет во организација на БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија, Скопје.
Цементарница УСЈЕ како потписник на Eвропскиот Пакт за млади (Pact4Youth) преку учеството на вакви настани им овозможува на младите да стапат во директен контакт со нашите луѓе и подетално да се запознаат со можностите кои ги нуди Цементарница УСЈЕ за вработувње и стекнување на ценето практично искуство.
На 11. и 12. Март 2014 г. се одржа 10. Саем за вработување и кариера во организирација на БЕСТ - Борд на Е вропски Студенти по Технологија Скопје каде студентите имаа можност да се запознаат со претставници од различни компании и да поразговараат за можностите за вработување и пракса.
УСЈЕ, како претпочитуван работодавач, со учеството на овој настан, има за цел да ги зајакне можностите за вработување на младите образувани луѓе и на младите инженери во земјата да им овозможи практично искуство и вештини преку практична работа, како и доделување стипендии за школување на домашни и меѓународни универзитети.