На 22. aприл Цементарница Усје ја поддржа и беше учесник на манифестацијата “Образовно рандеву” која се оддржа во просториите на средното електротехничко училиште на град Скопје “Михајло Пупин”. Оваа манифестација е во рамките на нашата политика за kорпоративна општествена одговорност за поддршка на заедницата во делот за образование. Дополнително, училиштето “Михајло Пупин” беше дел од нашиот проект “Вештини за вработување” во чија рамка организиравме посета од околу 15 ученици во текот на 3 месеци, 2 пати неделно, со цел учениците да се запознаат со аспекти од работата кои би биле од нивен интерес. Организатор на овој настан беше Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Република Македонија. На манифестацијата присуствуваа најмалку 1500 ученици од скоро 40 средните стручни училишта од целата република. Цементарница Ујсе ги презентираше своите можности што ги нуди за вработување на кадри од овие образовни насоки и можностите за реализирање на пракса за учениците. Исто така нашата компанија даде материјална поддршка на овој настан која беше од големо значење за организаторите.