Еко Час

09.12.2010

Со цел развивање на свеста кај младата популација за заштита и унапредување на животната средина, Цементарница УСЈЕ АД Скопје, во рамки на проектот „Партнери на училиштата“, започна со еколошки обуки во основните училишта на територијата на општина Кисела Вода.

Активностите започнаа со еколошки час во О.У. „Кузман Шапкарев“ каде на учениците од четврто одделение им беа презентирани позитивни примери и активности за постапување со отпад (сепарирање и рециклирање), како и заштеда на енергија и вода кои можат самите да ги практикуваат.

Пораките беа пренесени на едноставен начин преку кратка презентација, а учениците со задоволство прифатија да изготват свои творби на неупотребена хартија од вреќи за цемент. Цртежите и другите творби изработени на еколошкиот час, ќе бидат изложени во училиштето со што пораките за здрава животна средина ќе бидат пренесени до нивните врсници.

На  сите ученици кои учествуваа на еколошкиот час, Цементарница Усје им подари   книга како спомен и потсетување дека сите заедно сме одговорни за животната средина.