Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон луѓето, општеството и животната средина. Општествената одговорност претставува основна вредност и суштина на филозофијата на Групацијата ТИТАН и Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Вложувањето во образованието, придонесот за издигнување на академскиот и професионалниот успех и отворање на нови можности за македонските студенти претставува една од нашите приоритетни заложби. Во овој контекст, Цементарница УСЈЕ ја објавува осмата по ред Годишна програма за стипендии за учебната 2012/2013 година:
Цементарница УСЈЕ АД Скопје распишува конкурс за доделување 4 (четири) стипендии за МБА студии на Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" -Скопје, Економски Факултет, за учебната 2012/2013 година.
Критериуми и потребна документација:
1. CV на англиски јазик
2. Диплома за завршен факултет, VII степен (Електротехнички, Машински или Технолошки)
3. Одлични академски резултати (просечна оценка над 8.00)
Кандидатите треба да ја достават потребната документација најдоцна до 25.12.2012 година на адреса:
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
Служба за човечки ресурси и кадровски работи, „Борис Трајковски” 94 Скопје
Е-маил: hr@usje.com.mk
Сите апликации ќе се сметаат за строго доверливи.