Летен камп за децата со посебни потреби

30.7.2012

Како резултат на долгорочната заложба за поддршка на образовни проекти и како општествено одговорна копмпанија, УСЈЕ и оваа година го поддржа одржувањето на Летниот едукативен и спортски камп за децата со оштетен слух организиран од Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зоографски“.

Оваа година со проектот беше превиден натпревар во пишување есеј на тема заштита на животната средина. Натпреварот беше огранизиран заедно со училиштето и претставници на УСЈЕ на кој сите 22 ученици кои учествуваа на натпреварот беа наградени со еднонеделен престој во кампот.

„Овој камп им овозможува на децата со оштетен слух дружење, едукација, забава и спорт и во текот на летото“, вели Милисав Јовановски, наставник во Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зографски“.

Во рамките на летниот едукативен камп, децата со оштетен слух имаат можност да се дружат и да ги подобрат своите комуникациски вештини. Истовремено тие преку едукација создаваат морални вредности и култура на однесување.