ОГЛАС ЗА СТРУЧНА ОБУКА
За Машински Техничари
Цементарница УСЈЕ АД-Скопје традиционално посветува внимание на градење, на доверба и разбирање со локалната заедница. Лојално партнерство е една од главните стратешки цели на Цементарница УСЈЕ. Овие вредности Групацијата ги негува и унапредува во сите земји и локални средини низ светот каде што работи.
Оттука, имајќи предвид дека невработеноста е еден од критичните проблеми за младите луѓе, во локалната заедница и пошироко, Цементарница УСЈЕ организира ПРОГРАМА ЗА СТРУЧНА ОБУКА на младите невработени лица, од Општината Кисела вода и соседните општини. Обуките ќе им помогнат на младите лица да се стекнат со нови квалификувани знаења и да добијат подобри перспективи за свое идно вработување.
Цементарница УСЈЕ ги охрабрува сите невработени млади луѓе кои ги исполнувааат долунаведените услови да достават свои апликации
Услови
• Диплома за завршено Машинско-техничко образование (ССС/IV степен)
• Невработени
• Возраст до 26 години
• Жители на Општина Кисела Вода, Сопиште и Студеничани
Од кандидатите се бара да ги достават следните документи
• Пропратно писмо
• Биографија
• Уверение за завршено образование
• Доказ за невработеност
• Фотокопија од лична карта
Комплетната документација треба да се достави најдоцна до 19. март 2010 година на следната адреса
Цементарница УСЈЕ АД-Скопје
Борис Трајковски 94, 1000 Скопје
Служба за човечки ресурси и кадровски работи
Пријавите со некомплетна документација нема да се разгледуваат.