Цементарница УСЈЕ АД Скопје, која е долгогодишен партнер на Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зоографски“ и оваа година го поддржа одржувањето на Летниот едукативен и спортски камп за децата со оштетен слух.
Оваа година со проектот беше превиден ликовен натпревар на тема заштита на животната средина. Натпреварот беше огранизиран заедно со училиштето и претставници на УСЈЕ на кој сите 17 ученици кои учествуваа на натпреварот беа наградени со еднонеделен престој во кампот.
Преку летниот едукативен и спортски камп, штитениците од овој Центар имаат можност за дополнителна забава и дружење, но и дополнителна едукација и по завршувањето на учебната година.
„Целта на овој камп е на децата со оштетен слух да им овозможи дружење, едукација, забава и спорт и во текот на летото, затоа што тие тешко се адаптираат во средините од каде потекнуваат бидејќи не ретко се отфрлени и асоцијализирани. Затоа, преку овој Летен едукативен и спортски камп ние се обидуваме да им овозможиме дополнителни содржини на овие дечиња“, вели Милисав Јовановски, наставник во Центарот за образование и рехабилитација „Партение Зографски“.
Во рамките на летниот едукативен камп, децата со оштетен слух имаат можност да се дружат и да ги подобрат своите комуникациски вештини. Истовремено тие преку едукација создаваат морални вредности и култура на однесување. Покрај тоа, УСЈЕ обезбеди помош во материјали за Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје за изведба на 5 пристапни рампи за лица со хендикеп. Овие активности кои се во склад со политиката на УСЈЕ за општествена одговорност ја поддржуваат нејзината определба за поддршка на образованието на младите и образовниот процес во земјата.



