Корпоративната општествена одговорност отсекогаш е во суштината на филозофијата на ТИТАН и има директно и постојано влијание врз неговото работење како деловно претпријатие, како и врз неговите работни односи и инволвираноста во општеството. Нашата социјална политика се имплементира во областите во кои имаме особено знаење и искуство, што претставува неопходен предуслов за додадена вредност која сакаме да ја создаваме. Трите области врз кои ги фокусираме нашите заложби се: образование, животна средина и здравје и безбедност при работа. Преку своите континуирани заложби за НУЛА несреќи, ТИТАН и УСЈЕ развија огромна експертиза, знаење и искуство во областа на здравјето и безбедноста при работа.
Следејќи ја својата стратешка определба за поддршка на развојот преку образование и зајакнување на нашето цврсто партнерство со локалната заедница, добрососедските односи и потребите на нашата заедница и општеството како целина, Цементарница УСЈЕ АД Скопје го започна Проектот „Партнерство со училиштата“.
Проектот има за цел подобрување на здравјето и безбедноста како и на еколошките услови во училиштата и градинките како дел од нашата доброволна обврска за поддршка на образованието и образовниот процес во земјата како и нашата заложба, знаење и искуство во областа на здравјето и безбедноста и заштитата на животната средина.
Проектот опфаќа осум основни училишта и една градинка во Општина Кисела Вода. Секој од менаџерите во УСЈЕ беше назначен за одговорен, односно „посвои“ едно училиште или градинка. Покрај тоа, постојат и вкрстени одговорности, имено различни менаџери се одговорни за различни активности од проектот (заштита на животната средина, машински, електро и градежни активности итн.). Проектот започна со тет-а-тет средби помеѓу секој од менаџерите и директорот на „неговото/нејзиното“ училиште за да се образложи Проектот, целите на проектот и проектните активности и да се побара од секое училиште да ги утврди своите приоритети и потреби кои нашата Компанија би ги исполнила во рамки на фокусот на Проектот, имено здравје и безбедност и заштита на животната средина. Откако беа доставени приоритетните листи од сите училишта, тимот на Проектот „Партнерство со училиштата“ ги групираше потребите и приоритетите во еден заеднички Акционен план.
По утврдување на приоритетите на секое од училиштата, започнавме со изготвување на заеднички Акционен план за сите активности кои беа побарани од училиштата. Речиси сите училишта имаа потреба од нова ограда или поправки на постојните огради. Градежни и електрични работи исто така беа побарани речиси од секое од училиштата за да се гарантира безбедноста на децата.
Сепак, Цементарница УСЈЕ АД Скопје и нашите луѓе не би можеле сами да ги започнат, спроведат или завршат сите активности. Беше потребно да ја шириме нашата вредност, да побараме од нашите кооперанти и добавувачи да ни се придружат во оваа заложба за доброто на децата, нивното образование и општеството во целина. Ги убедивме нашите кооперанти и добавувачи да учествуваат во оваа акција на додавање вредност на волонтерска основа или по намалени цени за нивните услуги или материјали.
Имплементацијата на Проектот започна во 2010, на почетокот од летниот распуст кога учениците не се во училиште додека се вршеа поправки на електричната инсталација или кога во училиштата и училишните дворови имаше тешка машинерија и друга опрема и траеше до крајот на годината.
Проектот ќе продолжи и во 2011 година, со вклучување на уште едно основно училиште за деца со специјални потреби и со вклучување на едукација и обука на наставниците за здравје и безбедност при работа заради создавање тимови од наставници за здравје и безбедност во соработка со Заводот за здравствена заштита.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Општината Кисела Вода ќе се обиде да ја инволвира во Проектот целокупната бизнис заедница во Општина Кисела Вода. Се очекува на крајот на месец март, Градоначалникот Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев да организира собир на стопанственици во Кисела Вода каде овој Проект ќе биде презентиран од страна на УСЈЕ. Очекуваме дека и другите компании во Кисела Вода позитивно ќе го прифатат овој Проект и со нивна помош ќе придонесеме уште повеќе во развојот на заедницата.
За повеќе кликни тука