Во насока на својата стратешка определба за поддршка на образованието и вработувањето на младите, Цементарница УСЈЕ стана член на Деловниот совет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). Магдалена Славејкова, Менаџер за човечки ресурси на Цементарница УСЈЕ, е избрана за потпретседател на Деловниот совет.
Цементарница УСЈЕ е добитник на благодарница од Универзитетот Американ Колеџ Скопје за придонес, континуирана поддршка и заложба за обезбедување на пристап до квалитетно образование за талентираните млади луѓе и создавање на подобро општeство.