Цементарница УСЈЕ АД Скопје традиционално го поддржува образованието заради подигнување на нивото на образование на младите луѓе во земјата и зголемување на нивните можности за вработување. За таа цел УСЈЕ, осма година по ред, додели 4 стипендии за постдипломски студии по менаџмент и бизнис администрација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Овогодишни добитници на стипендии се Весна Трајковска, дипломиран електро инженер, Александар Мирчески, дипломиран електро инженер, Орхан Узеировски, дипломиран машински инженер и Радмила Ристеска, дипломиран машински инженер. Изборот е направен преку јавен конкурс, а избрани се кандидатите со работно искуство и највисок просек.
„Оваа шанса ќе ни овозможи да го прошириме своето знаење и вештини, што пак ќе ни помогне во натамошно зајакнување на професионалното искуство“, рекоа добитниците на стипендии.
До сега, околу 25 студенти го продолжиле своето образование со постдипломски студии по менаџмент и деловна администрација на Бизнис академијата Алба во Атина и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со стипендии доделени од УСЈЕ.
Цементарница УСЈЕ ги доделува стипендиите со цел поддршка на образованието на младите луѓе во земјата како дел од својата политика за општествена одговорност, додека добитниците на стипендии немаат никаква обврска наспрема Компанијата по успешното завршување на студиите.