На 13. ноември 2010 г., Цементарница УСЈЕ АД Скопје го организираше вториот „Семеен Зелен Ден“ за своите вработени и нивните семејства.
Овој Семеен зелен ден под мотото „Заедно за природата“ има за цел подигнување на свеста за заштита на жвитоната средина кај нашите вработени и нивните семејства со засадување дрвца во копот за лапор за враќање во првобитна состојба на пределите каде нашите активности се завршени и за зајакнување на тимскиот дух.
Околу 180 луѓе, вработените во УСЈЕ заедно со нивните семејства, како и околните жители на населбата Усје, засадија околу 2750 дрвца, меѓу кои багреми и зимзелени дрвца од типот thuja columnaris и juniperus shyrocket.
Најмалите деца имаа можност да поминат прекрасни моменти играјќи на детското игралиште поставено под широките чадори.
По акцијата на засадување следеше ручек, кога сите присутни имаа шанса да поминат повеќе време заедно и подобро да се запознаат.
УСЈЕ има за цел да ја претвори оваа акција во традиција која ќе придонесе за заштита на природната средина и биодиверзитетот, како и за градење односи со општините околу фабриката.