Акција за садење дрва со Општина Кисела Вода

21.10.2020

На 21 октомври Општина Кисела Вода започна активности за садење на зимзелени, листопадни и украсни садници. За таа цел, Цементарница УСЈЕ како долгогодишен пријател на Општината донираше дрва: 70 зимзелени дрва- лејланд, 70 листопадни дрва (бреза, липа, јавор, врба) и 10 украсни грмушки. Дел од дрвата се засадија во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката, а активностите за садење дрва ќе продолжат да се одвиваат и во урбаната заедница „Расадник“ и на улицата „Сердарот“, во селото Драчево.